Вежбањето во теретана, трчањето и скијањето му помагаат да заборави на сите проблеми и обврски што ги има. Тој е студент на ФИНКИ и нашиот најмлад ФитКит херој досега. 🦸
Запознајте го Атанас Витанов, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Додека учев во средно училиште, голем дел од моите другари и другарки спортуваа различни спортови и одеа во теретана. Бев прилично мрзелив и личност која воопшто немаше некоја физичка активност. Секогаш кога другарите ме покануваа да им се придружам, им велев дека има време и дека ќе почнам наскоро со теретана. За време на корона вирусот кога не одевме на училиште, имав премногу вишок слободно време, па тогаш и се решив да стапнам во теретана. Интересно е тоа што за време на пандемијата кога конечно ме разубедија да почнам со вежбање, си уплатив месечно членство во теретана и истиот ден Владата излезе со одлука сите фитнес центри да бидат затворени во наредните 15 дена. 🤦♂️
Омилена физичка активност му е вежбањето во теретана, а неговата неделна фитнес рутина изгледа вака:
Порано вежбав 6 пати неделно, но во последните 2 години вежбам по 4 пати неделно. Понеделник вежбам гради, рамо, стомачни. Вторник – нозе. Среда – пауза. Четврток – гради, грб и малку кардио. Петок – раце и стомачни.
Сѐ додека не почнал да вежба и да се едуцира околу фитнесот, тој сметал дека брзиот метаболизам е одговорен за витално и добро градено тело.
Научив многу за вежбањето и за тоа како работи човековиот организам. Научив како да манипулирам со потребните макронутриенти. Имав тренирано фудбал 1 година и кошарка 1 година. На вежбањето во теретана се задржав најмногу бидејќи мислам дека тоа е најефективно за мене. 🏋️
Атанас избегнува да јаде брза храна – особено бургери. Но понекогаш не му оди тоа толку успешно. Сепак, се труди да има балансирана исхрана за да има уште подобри резултати и од вежбањето.
Најчесто ќе го најдеш како вежба во теретаната на Фитнес Парк.
Претходно ми се случуваше да платам членство во некоја теретана и едвај половина месец да го искористам. Бидејќи постојано сум на релација Скопје – Струмица, понекогаш поради пауза од факултет се случува и да останам цела недела во Струмица. ФитКит ми помогна и ми овозможи каде и да сум, да можам да останам активен.
До крајот на 2024та година, Атанас ќе се вложи максимално да си ја зголеми мускулната маса и да го намали нивото на телесни масти. А како вљубеник во зимските спортови, во план му е да научи Snowboard и да проба Skydive.
На почетокот кога почнуваш со вежбање ќе ти биде доста тешко. Ама тоа не значи дека треба да се откажеш! 💡
За да дознаеш повеќе за Атанас:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Nasko Vitanov
📸 Пиши му на Инстаграм: @nasko.vitanov
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Atanas Vitanov
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.