Искачувањето планини е нејзиниот извор на среќа, бидејќи на тој начин е во допир со природата. Вежба редовно за да ги освои сите врвови што ѝ се на листата. 🧗
Запознајте ја Даниела Јовевска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Се мотивирав да започнам со вежбање поради тоа што како Frontend Developer, најголем дел од денот го поминувам во седечка позиција пред лаптоп. Поради тоа и се чувствувам дека немам енергија, па вежбањето ми помага да бидам активна и да се наполнам со многу енергија. Пред Ковид-19 пандемијата се занимавав со музика пеејќи во бенд. По пандемијата, направив пауза од свирки. Денес, хоби ми е вежбање преку ФитКит апликацијата и играње фудбал барем еднаш неделно.
Омилена физичка активност ѝ е вежбањето во теретана, бидејќи навистина ѝ помага со физичкото и ментално здравје, намалувајќи го стресот и подобрувајќи го расположението.
Неколку пати во неделата вежбам во теретана, но посветувам време на пливање и кардио вежби. Се обидувам да вежбам 4-5 пати неделно. Formation од Beyonce ми е моќна и охрабрувачка песна со добар текст што ме држи мотивирана за време на вежбањето. 🎶
Даниела е оволактовегенетаријанец и се труди да внесе што повеќе протеини во текот на еден ден.
Кога не ми се вежба, се мотивирам од помислата дека правам нешто убаво за себе. Се присетувам и колку добро ќе биде чувството на релаксираност што ќе го имам после тренинг. 💯
А кога не вежба, Даниела се релаксира со вечерни прошетки со своето куче Лео, уживање во добар филм, свирење на гитара и секако – професионална масажа.
До крајот на 2024та година, Даниела дава збор дека ќе даде сѐ од себе за да биде конзистентна во здравата исхрана и редовниот тренинг. Има во план да се врати на кик-фит и да проба јога.
Првата активност што ја закажала преку ФитКит е фитнес тренинг во Палестра, бидејќи смета дека вежбањето со тежина дава најдобри резултати, особено за почетници. 🏋️
Претходно сум се соочувала со губење на мотивација бидејќи сум вежбала само на едно место. Но, со ФитКит немам таков проблем. Помотивирана сум да вежбам континуирано.
Токму и дисциплината за вежбање што ја има ѝ помогнала да биде попродуктивна, организирана, фокусирана, поубаво да спие и да има многу повеќе енергија за активностите што ги сака.
Останете конзистентни во вежбањето и не се откажувајте кога нештата ќе станат тешки! 💪
За да дознаеш повеќе за Даниела:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Daniela Jovevska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @danielajovevska
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Daniela Jovevska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.