ФитКит Херој на Неделата: Сања Саљамовска

Саљамовска Сања

Средбата со пилатесот била љубов на прв поглед. До ден денес, ова е нејзината омилена дисциплина, бидејќи не само што ѝ овозможува одлична физичка активност, туку и забава од социјален аспект што е голем плус по долг и напорен работен ден.😀

Запознајте ja Сања Саљамовска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Мотивација за да влезам во водите на вежбањето ми беше желбата за подобрување на своето здравје, физичката и менталната благосостојба и секако – зголемување на нивото на енергија. Пресвртна точка беа психолошките предности на редовното вежбање.

Саљамовска Сања

Покрај пилатесот на тронот, други омилени активности ѝ се пешачењето и возењето ролерки.

Мојата неделна пилатес рутина обично вклучува вежбање 3 до 4 пати неделно. Големо благодарам на Рита од пилатес студиото Fame Fit.

А еве како изгледа еден нејзин пилатес тренинг:

✅Загревање 

✅Вежби за стабилност и контрола

✅Вежби за активација на стомак, бедра и грбот

✅Вежби за сила на мускулите и издржливоста

✅Издигање на нозе за јакнење на мускулите на нозете и стомакот

✅Вежби за рамена со употреба на мали тежини

✅Вежби за флексибилност и релаксација

✅Растегнување на рамена и грб

✅Истегнување

Саљамовска Сања

Сања нема посебен режим на исхрана. Таа вели дека е огромен гурман и од храната буквално ѝ зависи и расположението во денот.

А во деновите кога ја мрзи да вежба и сака да си даде изговор зошто да не се појави во сала, еве како се мотивира:

Кога ме фаќа мрза за вежбање, обично се потсетувам на чувството на задоволство и енергија што ги чувствувам после тренингот. Понекогаш се фокусирам на изведбата на само една вежба или на краток тренинг, што често ми помага да започнам, но и да продолжам со остатокот од вежбањето.

Саљамовска Сања

Таа вели дека нема некоја особено ригорозна фитнес цел за исполнување до крајот на годината, зашто вежбањето го гледа како опуштање и полнење со позитивна енергија. 

Би била задоволна доколку продолжи да вежба со исто темпо до крајот на годинава и понатаму. 💪

Токму вежбањето преку ФитКит ѝ помогнало подобро да си ги организира тренинзите, да го следи својот напредок и едноставно – да води здрав и активен начин на живот.

Саљамовска Сања

Сања смета дека клучот до посветено и дисциплинирано вежбање е да ја најдете дисциплината што со задоволство ќе ја вежбате, како што за неа тоа е пилатесот.

Мислам дека особено е важно да изберете активност што ви годи и ви причинува задоволство, бидејќи тоа дополнително ќе ве мотивира да продолжите со вежбање. Започнете полека и постепено, слушајте ги сигналите што ви ги испраќа вашето тело и одморете ако сте преморени или ако ве боли нешто. Одморот е подеднакво важен како и самото вежбање, бидејќи му овозможува на телото да се опорави и да закрепне. Бидете трпеливи бидејќи потребно е време и посветеност за да се видат промени!

За да дознаеш повеќе за Сања:😎

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @saljamovskasanja

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Sanja Saljamovska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore