ФитКит херој: Трајче Николовски

Трајче Николовски

Играњето хокеј е неговата омилена физичка активност, бидејќи бара потполна концентрација и целосна посветеност. Вештините што ги стекнува преку хокеј позитивно му влијаат врз секој аспект од животот.🏒

Запознајте го Трајче Николовски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Пресвртна точка за да влезам во фитнесот беше тоа што сакав да изгледам подобро и да се чувствувам посилно и полно со енергија.

Песната од Slipknot – Duality, најдобро ја опишува неговата фитнес рутина:

Вежбам 6 пати неделно. Тренингот ми е распореден push-pull-нозе. Oвој распоред го практикувам кога сакам да се оформам и да ја зацврстам мускулатурата. А кога сакам да ставам поголема мускулна маса, вежбам 4 пати неделно комбинирајќи грб, гради, раце, нозе.

Трајче Николовски

Благодарение на редовното вежбање, Трајче вели дека постигнал подобар физички изглед, драстично му се подобрило расположението, ја подобрил исхраната и генерално начинот на живот. 🙌

Најефективна вежба што сум ја правел досега е супер серија од Arnold press со Dumbell shoulder press 10×10 (10 пати кревање во 1 серија Arnold press и 10 пати кревање во истата сесија Dumbell shoulder press). Сето ова проследено со серија на Dumbbell lateral raise. 

Трајче нема конкретен фитнес херој, но омилен човек во фитнес индустријата му е Dom Mazzetti.

Првата активност што ја закажав преку FitKit апликацијата е вежбање во Палестра фитнес центарот. Користејќи ја FitKit, се мотивирав да експериментирам со различни теретани

Трајче Николовски

Неговите фитнес цели се да намали 7 килограми и да му даде шанса на некој адреналински спорт како skydiving. 🪂

Кога почнуваш со тренирање, задржи се на основните вежби, промени ја исхраната, но и дај го својот максимум на секоја вежба!

За да дознаеш повеќе за Трајче:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Trajche Nikolovski

📸 Пиши му на Инстаграм: @n_trajche

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Trajche Nikolovski

 

 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.