Пораснал со спорт и спортски менталитет, па вежбањето е неизбежен дел од неговиот живот. Фудбалот е неговата најголема пасија, а ден без вежбање, според него е пропаднат ден. 🏋️
Запознајте го Мартин Костовски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Песната Ferrari од James Hype и Miggy Dela Rosa најдобро го доловува интензитетот на неговата неделна фитнес рутина што изгледа вака:
Вежбам 5 до 6 пати неделно. Секој тренинг ми е посветен на одредена мускулна група за поголем ефект. Дополнително, знам да изиграм и по некоја партија фудбал. А кога е добро времето, ќе ме видиш како планинарам на Водно.
Комбинацијата од ATG тренинг и кревање тежини му се покажала како најефективна за постигнување на неговите фитнес цели. 🎯
А во план му е да започне со бокс, за да ги почувствува бенефитите од оваа активност на своето тело.
Благодарение на вежбањето и својата дисциплина, Мартин може да се пофали со низа резултати:
✅ Искачување на врв во Европа над 4000 метри
✅ 7.2% маснотии во телото
✅ Истрчани 5 полумаратони
✅ Истрчани многу маратони од 10 километри низ Скопје и Македонија
Rich Fronning е личноста од која што Мартин црпи инспирација. А кога го мрзи да вежба, едноставно си ја спрема торбицата и се упатува кон фитнес студиото.
Сѐ е во твојата глава! Вежбањето е маратон, не е спринт!
Кога не вежба, се релаксира со активности на отворено и многу патување.
До крајот на 2024та година, мојата цел е да го освојам и највисокиот европски врв – Мон Блан, покривот на Алпите висок 4810 метри. 🧗
За да дознаеш повеќе за Мартин:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Martin Kostovski
📸 Пиши му на Инстаграм: @mkostovskii
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.