ФитКит Херој на Неделата: Оливера Василева

Оливера-Василева

Подобро обликувано тело и намалување на болките во грбот предизвикани од 8-часовно седење пред компјутер се причините поради коишто таа го започнала своето фитнес патување. 👩‍💻

Денес, вежбањето за неа е многу повеќе од намалување на болките во грбот, туку начин на живот, навика без која што не може да си го замисли денот и извор на многу позитивна енергија.

Запознајте ја Оливера Василева, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Омилена физичка активност ми се функционалните тренинзи во студиото на PulseFit. Ова се доста динамични тренинзи, а секој час е сосема различен. Нема една конкретна вежба што би можела да ја издвојам како омилена. Тренинзите овде се организирани на тој начин за да секоја вежба е еднакво важна и неопходна (освен burpees, без нив се живее). 🤭

Оливера-Василева

Песната Bring Sally Up најдобро ја опишува динамиката на нејзината фитнес рутина што изгледа вака:

Вежбам 3 пати во неделата и тоа секој понеделник, среда и петок во истиот термин. Благодарение на вежбањето, успеав да намалам килограми што позитивно се одрази врз мојата самодоверба и секако – драстично ми се намалија болките во пределот на грбот и половината.

Нејзината другарка Ирина ѝ е огромна инспирација со својата дисциплина и етика за вежбање. Оливера вели дека покрај неа како најголема поддршка, вежбањето е навистина забавна активност

А резултатите од тренинзите ги комплетира со intermittent fasting.

Оливера-Василева

До крајот на годината, Оливера максимално ќе се вложи за да ја постигне својата фитнес цел – подобра кондиција за да има повеќе енергија за работите што ја исполнуваат (меѓу другото и стравствено навивање за Реал Мадрид). 😅

Во план ѝ е и да проба јога како одличен начин за да ја одржува флексибилноста на своето тело.

ФитКит апликацијата навистина ми помогна да продолжам да вежбам со истото темпо како и претходно, со тоа што ми овозможи поголем избор на активности и флексибилност при закажување термини и тоа за истиот буџет.

Оливера-Василева

За да дознаеш повеќе за Оливера: 😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Olivera Vasileva

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @oliveravasileva

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Olivera Vasileva

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore