ФитКит Херој на Неделата: Вања Милевски

Вања-Милевски

Спаринг во бразилско џиу џитсу е активноста што најмногу го полни со енергија, затоа што ужива кога се бори. За него тоа е како партија шах, борба во која треба однапред да го надмудриш противникот. ♟️

Запознајте го Вања Милевски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Кога бев 8-мо одделение, другарите ме мотивираа да влезам во водите на вежбањето, затоа што уште од тогаш се натпреварувавме помеѓу себе. Денес, најефективна физичка активност за мене се борбите што се случуваат на турнирите. А омилена вежба што најмногу ми носи резултати ми е рускиот згиб (muscle-up). Секако, и годините искуство си го прават своето.

Песната Many Men од 50 Cent најдобро го доловува интензитетот на неговата неделна фитнес рутина, што изгледа вака: 

Вежбам бразилско џиу џитсу 3 пати неделно. Дополнително, 3 пати неделно правам тренинзи на отворено, како трчање, вежбање на шипки, бокс спаринг со другарите и слично.

Вања-Милевски

Неговата дисциплина и години и години посветеност на боречките вештини, му донеле голем број на успеси, награди и признанија. 🏆

Освоив злато во Цирих на турнир на Светско ниво, бронза во Милано на турнир на Европско ниво, злато во Тузла на турнир на Европско ниво, имам безброј балкански и државни медали во бразилска џиу џитца и 2 аматерски ММА борби.

Смешните ситуации се неизбежен дел од тренинзите на личност што салата за вежбање му е втор дом.

Имав намера да си го срушам личниот рекорд на бенч без никој да ми помага. Не успеав и едвај спасив жива глава кога шипката и теговите летаа на сите страни. 😄

Вања-Милевски

Вања вели дека нема посебен режим на исхрана, но често знае да се предизвика себеси и да си го тестира својот карактер со предизвици како издржување 75 дена без да консумира шеќер.

Моите фитнес цели што сакам да ги постигнеш до крајот на 2024та година се да стигнам до 10 илјади YouTube претплатници и да направам чист muscle up без нишање. Би сакал да пробам и јога.

Првата активност што Вања ја закажал преку ФитКит апликацијата е киропрактика во Палестра, затоа што на послeдната ММА борба си го повредил палецот.

Откако започнaв да ја користам ФитКит, почнав да поминувам повеќе време во теретана.Тоа имаше супер импакт затоа што можев да вежбам каде што ми е најблиску во моментот и тоа многу ми одговараше во поглед на работата.  

Вања-Милевски

Конор Макгрегор е неговиот фитнес херој и личноста на која се угледува за да го дава својот максимум при секоја борба.

Немој да очекуваш брзи резултати и верувај му на процесот! 💯

За да дознаеш повеќе за Вања:😎

📸 Пиши му на Инстаграм: @vanjalive

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.