Kако фитнес инструктор и личен тренер, веќе 6 години Симона Ристовска им помага на своите клиенти да ја направат посакуваната трансформација и да стекнат нови навики за здрав живот. 🚀
Пред 15 години за прв пат влегов во светот на фитнесот восхитувајки се на луѓето со убава фигура и изглед. Така и започна сè. Долги години се занимавав со латино танци. Танцот од секогаш бил мојот лек за опуштање, ослободување на негативната енергија, зголемување на самодовербата и пред сè – уживање. Долг период работев на себе, се надоградував со нови знаења и искуства за да го достигнам она што сакав да го видам на своето тело, а по неколку години се стекнав и со лиценца за бодибилдинг и фитнес иструктор. Мојата желба стана и моја професија.
Со Симона како твој личен тренер во џеб, можеш да ја пробаш MyFitKit програмата Muscle mass – beginner, одлична за жени коишто сакаат да градат мускулатура, да си ја зголемат мускулната маса и да си го тонираат телото. 💪
Станува збор за комплетна програма составена од 4 тренинга неделно, вкупно 16 тренинга месечно во која се опфатени се сите мускулни групи на целото тело, со фокус на задникот.
Оваа програма е наменета за жени коишто сакаат да ја намалат својата телесна тежина, да накачат мускулна маса со мал процент на масти, да стекнат подобра мобилност и да го подобрат кардиоваскуларниот систем. Посебен фокус ми се девојките коишто сакаат за изградат power glute. 🍑✌️
За Симона, комуникацијата со клиентите е основната алатка за да ги запознае подобро и да ги прилагоди тренинзите според нивните индивидуални потреби и цели со цел тие да се чувствуваат слободно и мотивирано за време на тренинзите.
Главниот фокус на оваа програма е постепено да ги сменам нивните навики што придонеле да имаат вишок килограми и нездрав начин на живот, да научат како правилно да ги изведуваат вежбите, како здраво да се хранат, што најмногу одговара на нивниот организам без нагли промени, да бидат свесни и искрени за својот вложен труд, бидејќи во спротивно нема да дојдат до посакуваните резултати. Главната цел е да не се откажат и да останат мотивирани и дисциплинирани.
MyFitKit апликацијата ѝ дава флексибилност да им помогне на што поголем број на луѓе. 💯
Со помош на MyFitKit апликацијата, како тренери имаме можност за полесно управување со група на клиенти и поединци тука и на глобално ниво. Во секое време преку апликацијата може да се споделат пораки, слики, видеа и линкови во текот на сесиите и полесно да се следи напредокот на клиентите. На овој начин, секој клиент во џеб ќе го носи својот тренер. Во секое време има достапност до тренерот и не е ограничен со време кога ќе стигне на договорениот термин.
Како тренер, Симона максимално се вложува за клиентот да го добие посакуваниот резултат. Секако, пресудни се и мотивацијата и дисциплината на секој клиент.
Програмите се приспособени за сите возрасни категории според нивните потреби и фитнес цели што ги имаат. Правам кратка анализа и мерења, а потоа ги подготвувам тренинзите според потребите и можностите на клиентот. За времетраење на програмата се вложувам максимално за резултатот на секој клиент, а најважна е дисциплината која што тие мора да ја имаат.
Зошто да ѝ дадеш шанса на Симона како твој личен фитнес тренер? ⬇️
Комуникацијата ми е основна алатка за заедничка соработка. Тренинзите се секогаш прилагодени според потребите и целите на клиентот. Од мене ќе добиете мотивација за време на тренинзите, а Ваша ќе биде дисциплината што ќе Ве донесе до целта!
За да дознаеш повеќе за Симона:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Симона Ристовска
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @simona_ristovska
За повеќе детали за MyFitKit програмата што ја води Симона, кликни на следниов линк:
➡️ https://fitkit.trainero.com/shop/marketplace/coaches/simona-ristovska/muscle-mass-beginner
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.