Или инвестираш во вработените, или ги губиш нив, или нивната лојалност во најмала рака. 👀
Ова е императив за денешната работа сила опкружена со голем број на понуди за вработување и ловци на таленти што нестрпливо ја очекуваат првата шанса за да ги земат кај нив во компанија.
Компаниите што ги гледаат своите луѓе како клуч до успехот, а не како заменлив ресурс, постојано бараат иновативни начини како да вложат во нивната ментална и физичка благосостојба.
Еден од тие начини е инвестирањето во комплетна велнес апликација што има бројни придобивки како да самиот вработен, така и за компанијата. ⬇️
✅ Причина #1: Подобро здравје и намалено отсуство од работа
Во срцето на секоја успешна компанија лежи нејзината работна сила. Токму и затоа воведувањето на велнес иницијативи е одличен начин како да им покажеш на своите вработени дека вистински се грижиш за нив.
Овие велнес апликации обезбедуваат пристап до најразновидни активности по желба и мерка на секој вработен, без разлика дали сака да оди во теретана, да се релаксира со масажа, да поразговара со психолог или да се дружи со колегите после работа на тениски меч.
И самите бројки се уште еден показател дека преку вакви проактивни чекори, компаниите можат да го намалат отсуството поради болести и да поттикнат компаниска култура што на прв план го става здравјето на вработените.
✅ Причина #2: Намалување на ризикот дека вработените ќе ги заминат
Кога еден кандидат има неколку понуди за работа и треба да избере помеѓу нив, тој најчесто ќе се одлучи за онаа компанија што ќе понуди поголеми и позначајни бенефити за вработениот.
Ова многу јасно укажува на важноста работодавците да вложуваат во здравјето на вработените за да успеат да ги задржат своите вработени лојални, но и да привлечат нови кандидати на коишто навистина им е важно компанијата да се грижи за нив.
✅ Причина #3: Зголемена продуктивност, фокусираност и ангажман
Ваквите апликации се и одличен начин како да им помогнете на вработените да управуваат со својот стрес, нешто што е неизбежно во денешните работни места.
Некои од нив ќе изберат да го елиминираат стресот со зумба или аеробик, други ќе се опуштат со спа третман, а трети ќе поразговараат со стручно лице за да дојдат со сржта на самиот стресор.
Дополнително, велнес иницијативите ќе им ја зголемат енергијата, меморијата и когнитивните функции за да можат максимално да се вложат во исполнување на работните задачи.
✅ Причина #4: Заштеда на финансии
Освен подобрување на менталното и физичко здравје на вработениот, инвестирањето во велнес апликации ѝ заштедува многу непотребни трошоци на компанијата.
Намалување на трошоците за здравствена заштита, отсуства од работа, дополнителни трошоци за колеги што треба да надоместуваат за пропуштената работа, заминување на вработен и негова замена се само дел од овие трошоци.
Кое е решението? 💡
Горенаведените причини јасно ни покажуваат дека инвестирањето во велнес апликации повеќе не е само тренд, туку неопходна инвестиција што ќе ја определи иднината на една компанија, во најмала рака нејзиниот профит.
А ако сакаш да дознаеш повеќе како можеш да вложиш во физичкото и ментално здравје на твојот тим, закажи си средба со тимот на ФитКит на ОВОЈ ЛИНК. ⬅️
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.