ФитКит Херој на Неделата: Димитар Мечев

dimitar-mechev

Трчањето е неговата форма на медитација, а исцрпувачките физички тренинзи прават се друго во животот да му изгледа полесно.💡

Запознајте го Димитар Мечев од Струмица, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋 

dimitar-mechev

Долго време сметал дека трчањето е досадна активност, се до моментот кога сфатил дека трчањето е уникатно искуство што препородува.  

Никогаш не мислев дека ќе сум еден од тие типови на луѓе што трчаат. 🏃 Но, во последниве 8-9 месеци почнав со трчање што претходно го сметав за досадно и неефикасно. Наскоро, почнав да ги разбирам луѓето што претпочитаат трчање на долги дистанци. Трчањето ти дава дружење самиот со себе како ништо друго, бидејќи сам си со својот мозок под голем замор. За мене, ова е одлична форма на медитација. Пробувам да балансирам трчање со фитнес тренинзи со тегови поради бенефитите од анаеробично вежбање.   

dimitar-mechev

Почнал да вежба со цел да си ја одржува телесната тежина, но со текот на времето, неговата фитнес цел сосема се променила.  

Низ времето имав различни фитнес цели. Порано вежбав повеќе за да изгледам подобро и да не “забегам” со килажа. Kако што поминува времето и поради кариерата во продажба, сè повеќе вежбам поради одржување на дисциплината, за подобар фокус и стекнување на ментален отпор. Кога поминуваш низ исцрпувачки физички тренинзи, се друго во животот ти изгледа полеснo. 😁  

dimitar-mechev

Патики и шорцеви му се единствената опрема доволна за добар тренинг, а го инспирираат луѓе како Дејвид Гогинс, ултрамаратонецот кој што успеа да ги помести сите граници на физичката активност.   

Штом ги слушне песните од последниот албум на рок бендот TOOL, се мотивира да го даде најдоброто од себе на тренинг. 🎸  

Еве која е најсмешната ситуација што му се има случено при вежбање:  

Се враќам дома од трчање. Преморен сум, нозете ми се лом, нема струја во зградата и лифтовите не работат. Си велам: „Aко истрчам до дома по скали, многу ќе сум горд на себе”. Сепак, подоцна сфатив дека ова не беше баш добра идеја бидејќи живеам на 11-ти спрат. 😂

dimitar-mechev

Претпочита да вежба надвор или во сала, бидејќи домот го смета како место за ментален труд или одмор.   

Би прифатил секогаш совет од поискусните фитнес тренери, но претпочитам да вежбам сам. Не сакам воопшто да комуницирам со луѓе додека вежбам или трчам. Сакам целосно да се посветам на интензивните тренинзи, бидејќи тоа е време за дружење сам со себе. 💪

dimitar-mechev

Како Business Development Manager во компанијата Pixyle, Димитар вели дека продуктивност, фокус и смиреност се неспорни бенефити на вежбањето што тој ги пренесува на работното место, но и дома. 

Тоа што Pixyle го нуди FitKit како дел од бенефициите за вработени, воопшто не го земам здраво за готово. Тоа го чувствувам како топол гест за унапредување на психо-физичкото здравје на вработените. Самиот факт што ги имаш лесно достапни најдобрите места за вежбање во Скопје и целата држава, те тера да го направиш првиот чекор за вежбањето да прерасне во твоја здрава навика. 🙌  

А еве што им препорачува на неговите колеги што ги мрзи да вежбаат:   

За да дознаеш повеќе за Димитар: 😎  

📸 Пиши му на Инстаграм: @mecheeevd  

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Dimitar Mechev

FitKit logoФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.