Енергична, амбициозна личност којашто го гледа вежбањето како релаксација, а не како обврска. 💪
Запознајте ја 22-годишната Јована Маројевиќ од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Девет години вежбала балет и била убедена дека ќе биде балерина кога ќе порасне. Сепак љубовта кон балетот ја заменила со вежбање јога и пилатес.
Кога вежбам јога и пилатес, времето ми поминува пребрзо и едвај чекам да дојде следниот тренинг. Не го гледам вежбањето како обврска, туку како релаксација. Сепак, не сакам да се фокусирам само на една дисциплина и затоа ја избрав ФитКит апликацијата. Сакам постојано да пробувам различни дисциплини – теретана, пливање, функционални тренинзи, итн.
Јована умешно комбинира тренинзи од дома и теретана, затоа што на тој начин, најдобро се мотивира: 🏋
Онлајн тренинзите се одлична работа ако имаш самодисциплина. Мене ми заштедија многу време бидејќи само го местам матот и веднаш почнувам да вежбам. Но, не е секогаш е едноставно и лесно да се мотивираш да вежбаш од дома. Често ми фали енергијата од групни тренинзи во живо. Затоа, пробувам да си ги координирам обврските за да посетам часови во живо, а кога немам време, вежбам од дома.
Нејзина фитнес инспирација е Lily Sabri. 💃
Кога не ѝ е денот, еве како Јована се мотивира да вежба:
Секогаш си велам: Знаеш дека ќе ти биде 100 пати поубаво кога ќе извежбаш! And it works every time. 😜
Како Full-Stack Developer во компанијата Polar Cape, тренинзите што ги резервира преку ФитКит апликацијата, ѝ помагаат секогаш да биде во топ форма по долгите часови поминати пред компјутер. 💻
Сите имаме време за вежбање, само треба да ја најдеме активноста која ни “лежи” и за која вреди да одвоиме време од денот (за мене тоа е јогата).
За да дознаеш повеќе за Јована:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Jovana Marojevikj
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @marojevikjj
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Jovana Marojevikj
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.