ФитКит Херој на Неделата: Небојша Ангелов

Небојша Ангелов

Обожава да експериментира со најразлични спортски дисциплини, но сепак омилена активност му е масажата. Секогаш се води од мотото „Подобро да се спречи, отколку да се лечи”. 🙌

Запознајте го Небојша Ангелов, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Во средношколските денови бев многу активен (аматерски) спортист. По факултетските денови, вработувањето, стапувањето во брак и доаѓањето на свет на моето прво дете, мојата физичка активност беше во слободен пад. Како резултат на наглото ослабнување на мојата мускулатура и прекумерното седење, моето здравје се влоши и како краен исход беше операција на дискус хернија во 2018 година. 😔 За среќа, операцијата помина одлично и за кратко време бев на нозе. Опоравувањето се одвиваше навистина  над сите очекувања и за кратко време секојдневните активности ми се нормализираа. Во консултација со неврохирурзите и физиотерапевтите почнав со лесни вежби и со базен. Од ден на ден го зголемував интензитетот на вежбите и веќе за една година се вратив во посакуваната форма. 

nebojsha angelov

Небојша е доказ дека конзистентноста во вежбање може да те врати назад во игра и по операција како дискус хернија. 🏆

Во 2021 година се случи најголемиот предизвик во мојот рекреативен спортски живот кога го истрчав големиот Скопски Маратон, за близу 4 часа. Во 2022 година, исто така го истрчав маратонот. Jас сум жив пример дека е возможен спорт после таква операција каква што е дискус хернија. 

Тој смета дека играњето пинг-понг е одлична активност за луѓе што работат во канцеларија и поголемиот дел од денот го поминуваат во седечка позиција. 

Година дена по операцијата активно почнав да играм пинг-понк, што според мене, е совршен спорт за луѓе со канцелариска работа, првенствено во информатичката сфера. 💻 Неполни две години по операцијата, почнав со лесни тренинзи трчање и со мојата “стара љубов” – фудбалот. Спортот е неопходен, се разбира не напорни и исцрпувачки вежби, туку лесни вежби, првенствено за истегнување и зајакнување на мускулатурата. Овде би дал и еден совет: доколку дојде до воспалување на нервите при компресија од ‘рбетните пршлени, а со тоа и поголема болка, веднаш да се престане со било какви вежби и да се мирува десетина дена избегнувајќи седење. 

nebojsha angelov

Користењето на ФитКит апликацијата значително му помогнало во рехабилитација по операцијата. 👍

Поради ситуација поврзана со мојата операција, избегнувам напорна физичка активност и тешки вежби, односно ги избегнувам теретаните. Кредитите од ФитКит aпликацијата ги користam за масажа. Секој месец одам на масажа бидејќи сметам дека масажата има непроценлива вредност за опоравување, релаксација и нормализација на енергијата и срдечно ја препорачувам на сите. Мислам дека секој човек мора да одвои најмалку половина час дневно за лесни физички активности и покрај пренатрупаните дневни распореди. Јас сум родител на две деца со безброј обврски покрај стандардните работни обврски, но сепак издвојувам доволно време во денот за физичка активност. 

nebojsha angelov

Еве која е најсмешната ситуација што му се има случено при вежбање: 

🏋️ Кога првпат влегов во теретана во прва година средно, на косата клупа за вежбање нозе, ги ставив сите тегови што беа во теретаната. Бидејќи кај сите вежбачи фалеа тегови, тие дојдоа кај мене да видат што се случува. Тогаш еден од момците ја пресмета вкупната тежина од сите тегови и таа беше 700 килограми. Сите беа во шок. Ме прашаа колку време вежбам, а јас им реков дека прв пат доаѓам. Тогаш од сите добив совет веднаш да престанам да вежбам, а јас веќе ја бев кренал споменатата тежина 10 пати. Проблемот настана по половина час кога добив воспалување на нозете и едвај успеав да се довлечкам до дома. 

Небојша ја користи секоја прилика да си го раздвижи телото по големиот број на часови поминати на стол. 

Наутро одам со велосипед на работа. 🚲 Во текот на работното време 3-4 пати се истегнувам на пилатес топка. По враќање од работа, со моите синови одиме на фудбал и тренингот го завршуваме со истегнување и вежбање на шипки. Доколку временските услови не ни го дозволуваат тоа, тренингот се одвива во домашни услови со еднорачни тегови и други вежби со сопствена тежина. За викенд најчесто имаме некоја фамилијарна прошетка во Градски Парк, Водно или некаде надвор. 

nebojsha angelov

Небојша работи како Quality Assurance Specialist во компанијата Quantox Technology

Користењето на ФитКит апликацијата му помага да се релаксира по напорниот ден, да си ја подобри циркулацијата на телото и да си ја поврати концентрацијата. 🎯

За да дознаеш повеќе за Небојша:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Nebojsa Angelov

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Nebojsha Angelov

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore