ФитКит Херој на Неделата: Елена Котева

elena-koteva

Секојдневната физичка активност позитивно влијае на нејзиното расположение, ѝ ја подобрува концентрацијата, брзината на размислување и ја прави посмирена. 

Обожава долго пешачење со музика, по можност на сонце. 🌞

Запознајте ја Елена Котева од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Вежбам за да стекнам поздрави навики, подобро расположение, повеќе енергија и подобар изглед. Користам стандардна опрема во теретана во зависност од мускулната група што ја вежбам – најчесто трака за трчање, дискови и еднорачни тегови. Покрај вежбањето во теретана, со распоред 2 пати неделно нозе, односно фокус на долниот дел од телото и 2 пати неделно фокус на горниот дел од телото, се обидувам да пешачам секој ден на отворено по минимум 5 километри. 👣

elena-koteva

Секогаш му дава предност на вежбањето во фитнес студио. 🏋️

Вежбањето во фитнес студио секогаш има предност, најмногу поради самата разновидна опрема што ја има на овие места и која овозможува подобар тренинг и побрз напредок, но и поради мотивацијата која ја добива еден човек кога ги гледа другите луѓе како вежбаат. 🙌 Сепак, доколку немам баш многу време одреден ден за да одам во теретана, избирам да извежбам дома, зашто сепак е важно да се извежба било каде отколку никаде. 💯

Првата активност што ја закажала преку ФитКит апликацијата е попладневен фитнес во Fitness and Spa Park како почеток на нејзината турнеја назад во теретана. 🔙

А најдобриот тренинг што го имал досега изгледа вака: ⬇️

Утрински тренинг што започнува со малку кардио на трака за вежбање како загревање, а потоа следува тренинг за нозе од којшто чувствуваш горење на мускулите, но знаеш дека тоа е слатка болка. 💪

elena-koteva

Елена смета дека благодарение на интернетот и огромнот број на извори за информирање, секој може да пронајде фитнес рутина за своите потреби, но сепак вежбањето со личен тренер е нешто што не може да се замени. 💯

Личниот тренер е лице коешто е стручно за фитнес, овозможува персонализирани вежби и исхраната во зависност од целите и навиките на одреден клиент, учење на правилна изведба на вежбите и може премногу да придонесе во една фитнес турнеја, особено на луѓето коишто се почетници. 

Whitney Simmons, Michelle Lewin се жените што ја инспирираат поради својата посветеност кон фитнесот и здравиот живот. 💃

Сонува да ги запознае и JP (JPGCoaching) и Milos Premcevic.

А, музиката што ја придвижува да ги оствари своите фитнес цели е следнава мелодија: 🎵

Најсмешната ситуација што ѝ се има случено при вежбање изгледа вака: 

Ситуацијата вклучува мало преценување на себе. 🤣 Самоуверено ставив доста голема тежина на leg extension справата, бидејќи помалата тежина со којашто вежбав досега ми изгледаше лесно. Но, за брзо време сфатив дека сум се преценила и сум ставила преголема тежина за мене во тој момент.

elena-koteva

Елена работи како Frontend Developer во компанијата Keitaro.

Таа смета дека вложувањето во апликација како ФитКит значи дека компанијата се грижи вработените да имаат физичка активност или да можат да се опуштат со некоја масажа пред/после напорен работен ден. 💆

Чувството коешто го дава добро завршениот тренинг, особено наутро пред работа, не може да се замени со ништо. Едноставно кажано, вежбањето ве прави подобри како во физичка, така и во ментална смисла! 

За да дознаеш повеќе за Елена:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Елена Котева

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @ekotevaa

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Elena Koteva

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore