ФитКит Херој на Неделата: Ана Ивановска

ana-ivanovska

Како учител по јога, нејзината мисија е да покаже дека јогата е повеќе од физички асани, туку уникатен начин на поврзување на движењето на телото и менталните флуктуации во ритамот на дишењето што помага да се биде свесен за сегашниот момент и да се зголеми флексибилноста. 🙌

Запознајте ја Ана Ивановска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

ana-ivanovska

Ана веќе 6 години им помага на своите практиканти преку јогата да стигнат до подобро ментално и физичко здравје. Нејзината лична фитнес цел е балансот помеѓу сила и флексибилност.

Начинот на кој ги постигнува своите фитнес цели се нејзините 3 омилени активности:

Јога за поврзување на телото со умот.

Вежбање во теретана за обликување на цврсто тело.

ATG систем за вежбање за сила и флексибилност на целото тело.

 

ana-ivanovska

Финтес рутината што дисциплинирано ја следи е следнава:

Вежбам ATG 3x неделно, јога 2x неделно и mobility вежби за моите weak links дома 2x неделно.

Нејзина фитнес инспирација се Tom Merrick и Nina Strojnik, а музиката што дополнително ја мотивира е следнава мелодија: 🎶

Ако можам да запознаам еден фитнес гуру тоа би бил Rad Burmeister, бидејќи го има знаењето што ми треба да го научам. 💡

ana-ivanovska

Првата активност што ја има закажано преку ФитКит е ATG. Од тогаш, редовно ја користи апликацијата за да експериментира со различни дисциплини на вежбање.

Поубаво ми е кога вежбам во фитнес студио поради дружбата и зголемената мотивација. Вежбам од дома само кога морам да пропуштам тренинг поради болни деца. Најдобриот тренинг што сум го имала до сега е full ROM barbell strength training во комбинација со isometrics и static stretches.

ana-ivanovska

Ана работи како 2D/3D artist во компанијата Crazy Labs.

Таа вели дека по тој премор од тренинг, не ѝ е проблем да седи 8 часа во стол пред компјутер, бидејќи смета дека бенефитите многукратно го надминуваат напорот потребен за да се отиде на тренинг. 🙌

ana-ivanovska

За да дознаеш повеќе за Ана😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Ana van der Wild

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @pranawithana

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Ana Ivanovska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore