Неговата пасија е качувањето по карпи. Вежбањето му помага да ја задржи физичката и менталната кондиција за да ужива во своето хоби што подолго. 🧗
Запознајте го Иван Кузмановски од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Покрај качувањето по карпи како моја примарна физичка и ментална активност, втора омилена активност ми е планинарењето. ⛰️ Најчесто планинарам сам, во придружба на моето куче Луна. Таа ме следи и на патеки долги до 35 километри во еден ден. Планинарењето ми го враќа внатрешниот мир, ми овозможува повторно да се поврзам со себеси и да ја одржам целокупната физичка кондиција.
Иван најчесто користи две примарни справи за вежбање на специфична сила за качување – hang board и campus board. А кога вежба во фитнес сала, омилена справа му е kettlebell. 🏋️
Станувам во 5:30 наутро и подготвувам оброци за денот. Во 6:30 одам на тренинг, а во 09:00 започнувам со работа. Попладнето го користам за прошетка со Луна, да прочитам некое четиво, да се видам со пријатели, но понекогаш и за вториот тренинг во денот. Во зависност од програмата што ја следам, вежбам од дома, но и во фитнес студио. Моите омилени места за вежбање се фитнес справите на Водно и фитнес центарот Палестра.
Најчесто сам си го подготвува својот план за тренинг, или, во консултација со искусни пријатели алпинисти. ✍️
Најчесто јас сум тој што си го креира својот тренинг план или понекогаш се консултирам со поискусни пријатели коишто го практикуваат или го практикувале истиот спорт. Најдобро и најпрецизно можам да си ја креирам програмата, бидејќи знам кои се моите потреби и краткорочни и долгорочни цели. 🎯 Врз основа на тие параметри, составувам тренинг план со специфични циклуси на оптоварување, одмарање и специфична исхрана.
Неговата главна фитнес инспирација е подобрување на целокупното здравје, како физичко, така и ментално, изострување на когнитивните способности, постојана подготовка за потешки и попредизвикувачки искачувања што му ја подобруваат самодовербата и чувството на успех. 🙌
🎵 Музиката што дополнително го мотивира да се фрли во акција е следнава:
Кога би можел да запознае некој фитнес гуру, тоа дефинитивно би бил Марк Твајт, американски алпинист, професионален фотограф, писател и основач на теретаната Jones.
Марк Твајт е алпинист, активен во доцните 1980-ти и раните 1990-ти со серија тешки, предизвикувачки искачувања во различни планини низ светот во алпски стил. Подоцна, тренирал спортисти, вклучувајќи ММА борци, играчи на НФЛ, професионални велосипедисти, воен персонал, актери, итн. Тој е еден од првите алпинисти којшто почнува да практикува качување во “single push” – стил што предизвикува револуција во качувањето и го реобмислува целиот пристап кон истото. Марк го држи еден од најневеројатните брзински рекорди на карпест терен. 🏆
Најсмешната ситуација што му се има случено при вежбање е следнава:
Најсмешната, воедно и најапсурдната ситуација што ми е има случено е да стигнам до под карпа и да сфатам дека сум заборавил да си понесам со себе патики за качување (клучен дел од опремата без кои скоро и да е невозможно да се качува човек на карпа). 😄
Првата активност што Иван ја закажал преку ФитКит апликацијата е спортска масажа, бидејќи очајно му требало опуштање по сериозен качувачки проект во странство. 💆
Иван работи како Senior Social Selling Manager во компанијата Pitch121.
Тој вели дека ФитКит како бенефит за вработените е една многу интересна и корисна платформа што им помага на вработените да се грижат за своето физичко и ментално здравје, а на компаниите да имаат фокусирани и посветени вработени, подготвени да одговорат и на најтешките предизвици што ги носи професионалното секојдневие. 💯
Сметам дека мотивацијата е стапица, секој од нас треба да развие дисциплина за многу работи што ги правиме во животот, вклучувајќи го и вежбањето. Мотивацијата е сепак потребна во најмала рака за да се започне нешто ново и предизвикувачко. Најдобар начин да се засакате и почитувате себеси е да се изложите на физички напор. Верувајте дека ќе си бидете многу благодарни на себе! 💡
За да дознаеш повеќе за Иван:😎
📸 Пиши му на Инстаграм: @rocoto_locoto
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Ivan Kuzmanovski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.