ФитКит Херој на Неделата: Наташа Танева

Natasha-Taneva

Планинарењето ѝ помага да го пронајде својот духовен мир, а вежбите во теретана да одржува добра форма и изглед, особено по долгите часови поминати во седечка работна позиција. 🙌

Запознајте ја Наташа Танева, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋  

Денот ми започнува во 6:30 часот наутро со протеински шејк. Потоа, одам на тренинг од 7:30 до 8:30 и најчесто вежбам саат време  во теретана. Кога станува збор за кардио активности, го искачувам Водно 2 до 3 пати неделно.

Natasha-Taneva

Наташа се води од мотото: Во здраво тело, здрав дух! 🤸‍♀️

Мојата фитнес цел е да бидам здрава, со правилни навики, но истовремено и да одржувам убава форма и изглед. Мојата омилена активност е планинарење, затоа што таму го наоѓам мојот духовен мир.

Natasha-Taneva

Својата фитнес инспирација не ѝ ја препишува на личност, туку на својата професија.

Мојата струка бара долги часови седење на столче. Токму тоа ме инспирира и мотивира да бидам активна и фит. Секој последен тренинг е подобар од претходниот, затоа што гледам со секој нареден тренинг да подобрам и научам нешто ново, било да е тоа техника или распоред на вежби. А за ова многу ми помага мојот тренер. 🙌

Она што дополнително ја мотивира да го даде својот максимум на тренинг е следнава мелодија: 

Таа вели дека вежбањето од дома ѝ е досадно, па затоа оди во фитнес студио за да се дружи додека троши калории. 🤭

Целата таа активност на одење до фитнес студиото, дружба со луѓето таму, музика, претставува една убава приказна што се случува секој ден и ме мотивира и да вежбам. Но, секоја чест на тие што имаат добар и успешен тренинг во домашни услови. Тоа навистина си бара посебна дисциплина, упорност и мотивација. Моментално вежбам со тренер. Сметам дека тренерите го имаат точно тоа што ми треба – како до правилно зголемување на мускулна маса, правилно користење на справите, соодветна исхрана, итн.

Првата активност што Наташа ја закажала преку ФитКит апликацијата е рекреативно пливање. 🏊

Од тогаш, таа редовно си букира термини преку апликацијата за да си го подобри фокусот, физичкото и психичкото здравје. 

Natasha-Taneva

Наташа работи како Principal Scrum Master во компанијата RLDatix.

Животот е полесен кога си фит, а тоа значи и физички и психички посилен да се справиш со сите предизвици на работното место. Кој пробал да вежба, знае! 💪

За да дознаеш повеќе за Наташа:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Natasha Taneva

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @natasha.taneva

🎯 Конектирај се на LinkedIn:  Natasha Taneva

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore