Kid-friendly студио за спа и масажа: Reflex

reflex

Студиото за масажа Reflex е познато по тоа што нуди разновидност на услуги активности како за возрасните, така и за децата. 

Овде има одлична можност да го разгалиш твоето дете и да му пружиш магично искуство со Reflex Baby Wellness and Spa. 🤩

Станува збор за спа третмани наменети за бебиња што го подобруваат физичкиот и менталниот развој на детето, користејќи хидротерапија и нео-натална масажа. Овие активности се изведени под надзор на обучен терапевт.

Покрај подобрување на имунитетот и забрзување на метаболизмот, придобивките од овие третмани за најмалите се бројни:

👶Како дел од хидротерапијата, бебињата се ставаат во посебни кади со постојана температура. За време на овој третман, доаѓа до зголемување на циркулацијата на крвта кај бебето, зајакнување на мускулите, олабавување на зглобовите, на притисокот во стомакот што го регулира варењето и зајакнување на мускулите за дишење.

👶Масажата за бебиња им помага да ги надминат проблемите со болки во стомакот или запек, помагаат при настинки и ги намалуваат болките од никнување на запчиња. 

А за поголемите деца, студиото располага и со можност за корективни вежби со цел да постигнат правилен раст и развој на телото на детето. 

Преку внимателно одбрани вежби за децата, тимот на Reflex, на забавен начин им помага да ги корегираат деформитетите на ‘рбетниот столб, рамните стапала и лошото држење на телото.

Дополнително, за идните мајки има пренатална масажа како блажената релаксација што секоја бремена жена ја заслужува. Во Reflex ги разбираат уникатните потреби на бремените жени и обезбедуваат смирувачко бегство прилагодено само за нив. 🤰

reflex

Reflex е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩‍👧‍👧

Доколку сакаш ти и твоето дете да бидете дел од приказната на студиото за масажа Reflex, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети го студиото што се наоѓа на:

👣 улицата „Симеон Кавракитов” број 20 во Скопје.

 

За да бидеш во тек со сите новости на Reflex:

📸 Следи ги на Инстаграм: @_reflex_studio_

👍 Пиши им на Фејсбук: REFLEX massage studio

📧 Пиши им на мејл: reflex.studio21@gmail.com

🌐 Посети го веб-сајтот: https://reflex.mk/

☎️ Јави се: 076 350 050

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore