Колку успешно досега ти се покажала промоцијата на твоето фитнес студио? Колку маркетингот е дел од твоите секојдневни активности? 🤔
Дури и да го имаш најдобриот фитнес центар во светот, ако не се промовираш себе или своето студио, тешко дека ќе стекнеш нови клиенти.
Ова се 10 маркетинг идеи што ќе ти помогнат полесно да го издвоиш својот фитнес бизнис од конкуренцијата. ✨
Не грижи се ако имаш ограничен буџет, бидејќи повеќето од овие маркетинг стратегии се потполно бесплатни.
1. Отвори Google My Business профил
Со оглед на тоа што 4 од 5 луѓе продолжуваат да го користат Google како нивен главен интернет пребарувач, ова дефинитивно е местото каде што сакаш твоето студио да биде видено.
Отворање на Google My Business профил е бесплатно и едноставно.
👣 Само следи ги следниве чекори:
Не заборавај редовно да го ажурираш својот профил на Google My Business со нови информации, а секогаш кога објавуваш нов блог на твојата веб страница, додај го и таму.
2. Искористи ја моќта на социјалните медиуми
Твоите сегашни и идни вежбачи се наоѓаат на социјалните мрежи повеќе од кога и да било порано.
Еве некои идеи како да ги привлечеш вежбачите преку социјалните мрежи и да стекнеш многу лојални фанови што со нетрпение ќе ја очекуваат секоја твоја нова објава:
✅ Охрабри ги вежбачите да ти праќаат слики од тренинзи, бидејќи многу е монотоно ако само ти како тренер или фитнес студио си застапен/а на објавите на твоите социјални профили.
✅ Објавувај содржини со вежбање, храна, факти и хумор за активен живот.
✅ Ангажирај неколку локални инфлуенсери што ја делат твојата пасија за активен живот. Ако немаш доволно буџет, договори компензација – понуди им бесплатно вежбање со тебе.
✅ Креирај колку што можеш повеќе видеа во живо – покажи им ја акцијата што се случува за време на тренинг, сподели корисни совети за здравје и фитнес, подготви Q&A сесија на одредена тема или твоите омилени рецепти на дело.
✅ За да бидеш сигурен/а дека твоите објави ќе допрат до твојата таргет публика, инвестирај во реклами на омилените социјалните медиуми на твоите вежбачи.
3. Маркетинг “од уста до уста” (word-of-mouth marketing)
Твоите сегашни клиенти веќе ги сакаат твоите услуги, па затоа тие се совршените луѓе што ќе ти помогнат да го прошириш зборот за твојот бизнис. 🗣️
Понуди попуст на члeнарината или други придобивки за секој нов вежбач што ќе ти го донесе тековен клиент.
На овој начин, не само што ќе направиш твоите вежбачи да се чувствуваат ценето, туку тие ќе се охрабрат да носат сè повеќе нови вежбачи во твоето студио. А лојалноста ќе си дојде сама по себе. 💪
4. Создавај атрактивни понуди и попусти
Креирањето атрактивни понуди и попусти оди рака под рака со проширување на добриот збор за твоето студио.
На пример, можеш да понудиш специјални попусти за вежбачите што ја купиле твојата најскапа претплата или уплатиле за квартално или годишно вежбање. Или, пак, намалување на членарината за пријатели што вежбаат во група. 💰
За поголем импакт, понуди попуст на компаниите што се стремат да им помогнат на своите вработени да имаат здрав и активен начин на живот.
Целта на овие примамливи понуди и попусти е да донесеш што повеќе луѓе во твоето студио. Сепак, не заборавај да пресметаш колку овие понуди ти се исплатливи. Затоа што на крајот на денот, сепак сакаш да направиш профит, така?
5. Предизвикај ги вежбачите
💡 Фитнес предизвиците се одлична маркетиншка идеја што ќе ти помогне да ги стимулираш сегашните клиенти и да привлечеш нови.
Еве неколку идеи за предизвици:
✅ Понуди персонализиран план за исхрана за првите 10 нови вежбачи (ова можеш да го направиш преку MyFitKit апликацијата).
✅ Промоција каде што одреден број на луѓе коишто ќе уплатат членарина, добиваат попуст за вежбање на одредено време.
✅ Понуди попуст за секое „донесено другарче“ каде што и двајцата добиваат попуст од 15% .
✅ Подготви мали подароци за секој нов член.
✅Понуди бесплатен пробен период за вежбање во студиото од 3-5 дена. На најредовните вежбачи, подари им бесплатен месец вежбање.
6. Здружи ги силите со други фитнес бизниси
Соработувај со други фитнес бизниси што ги надополнуваат твоите услуги, на пример:
✅ Продавница за суплементи за да понудиш лепеза на додатоци во исхраната во твоето студио или попуст за твоите членови при посета на продавницата.
✅ Продавница за спортска опрема каде што твоите вежбачи ќе имаат попуст на одредени парчиња опрема или облека.
✅ Апликација како ФитКит за да им овозможиш на вежбачите да вежбаат кога сакаат и колку сакаат во твоето студио, без да бидат ограничени со фиксна месечна членарина.
✅ Апликација како MyFitKit за на брз и едноставен начин да креираш планови за исхрана и вежбање што ќе ги продаваш на твоите клиенти.
7. Понуди бесплатно вежбање
Одличен начин да го прошириш зборот за твоето студио е преку воведување на опцијата за бесплатно вежбање. 🏋️ Ти можеш да избереш дали тоа ќе биде 1,3 или 5 часа вежбање.
Не грижи се ако луѓето што ќе се регистрираат и ќе вежбаат кај тебе бесплатно, не се појават повеќе на тренинг откако ќе помине бесплатниот период.
Тие веќе ќе знаат за тебе, а ти ќе ја имаш нивната мејл адреса и мобилен број и ќе можеш да им праќаш пораки или мејлови за нови промоции. 📧
8. Започни твој фитнес блог
Во повеќе наврати сме пишувале како блогот е одлично место за да се позиционираш како експерт и да ги пласираш твоите услуги на сегашните и потенцијални клиенти. ✍️
Имај на ум дека колку повеќе пишуваш, толку повеќе твоите објави ќе се појавуваат на пребарувањата на Google кога луѓето ќе бараат информации за теми поврзани со објавите од твојот блог.
На крајот од секој блог, не заборавај да додадеш повик за акција, без разлика дали тоа ќе бара од луѓето да се пријават за бесплатен пробен период или да го посетат твоето фитнес студио. 🚶
Осигурај се паралелно да ги промовираш твоите блог објави на социјалните медиуми и профилот на Google My Business.
9. Спонзорирај локални настани
Еден од најдобрите начини за да стекнеш видливост во офлајн светот е да бидеш спонзор на некој локален настан. 🎯
Или, пак, оди чекор понатаму и како фитнес студио, организирај настан во твојата заедница.
Секако, спонзорирањето и организацијата на настани знае да чини значителна сума на пари. Но гледај на позитивната страна – тоа ќе ги упати луѓето да вежбаат во твоето студио, па инвестицијата повеќекратно ќе се исплати. 📈
10. Креирај видео тренинзи преку MyFitKit
Подготовката на видео тренинзи е брз и одличен начин како да ги пласираш твоите услуги на пошироката публика со само неколку кликови. 🎥
На овој начин, не само што ќе можеш да понудиш персонализирани планови за вежбање на клиенти или групи на клиенти, туку може и да ги продаваш видео тренинзите на оние кои не ти се членови.
MyFitKit ти овозможува лесно да креираш видео тренинзи, избирајќи од колекција од над 2000 вежби. За помалку од 60 секунди, можеш да направиш персонализирани тренинзи што целосно ќе одговараат на потребите на твоите сегашни и идни клиенти. ⏱️
Не заборавај дека колку побрзо ги подготвуваш твоите тренинзи, толку повеќе слободно време ќе имаш на располагање за да ги примениш горенаведените маркетинг идеи.
Контактирај нè за да дознаеш како да започнеш да ја користиш MyFitKit уште денес! 🚀
MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.
Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.