ФитКит Херој на Неделата: Бојана Русевска

bojana-rusevska

Вежбањето кик-фит тренинг во Fierce Fitness е нејзиниот омилен дел од денот, но и начин како да си ја тестира издржливоста на своето тело и да излезе од зоната на комфорт. 💪 

Запознајте ја Бојана Русевска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

bojana-rusevska

Кик-фит тренинзите ѝ помагаат на забавен начин да научи нова вештина, а притоа да согори многу калории, да го активира целото тело и да работи на оние проблематични мускулни групи за да ја оствари својата фитнес цел – зголемување на мускулната маса.

Мојата фитнес инспирација е замислата на самата себе како сум енергетски појака и поиздржлива. Омилена активност ми е вежбање кик-фит во Fierce Fitness, затоа што секој тренинг е различен. На тој начин, учам многу повеќе како за правилно изведување на вежбите така и за издржливоста на моето тело. 

bojana-rusevska

Од опрема за вежбање, најчесто користи боксерски ракавици, идеални за исфрлање на стресот и негативната енергија. 🥊

По работа, го ставам ранчето на мене и директно одам во Fierce Fitness на вреќа. Тренингот започнува со кардио како загревање, а потоа зависно од тренингот, се фокусираме на одреден дел од телото. 

🎶 Она што дополнително ја мотивира да го даде својот максимум на вакви високо интензивни тренинзи е и следнава мелодија:

Најдобриот тренинг што сум го имала досега се состоеше од 10-15 минути кардио на вреќа, скокање со јажиња, вежби за стомак и на крај низок plank во времетраење од 3 минути. 🤯

Бојана преферира да вежба во група и со фитнес инструктор, бидејќи на тој начин добива поголем наплив на мотивација да го издржи темпото на тренингот, како и насоки за правилно изведување на вежбите

bojana-rusevska

Првата активност што Бојана ја закажала преку ФитКит апликацијата е масажа во студиото за масажа, физиотерапевтски и козметички услуги Карпино. 💆

Од тогаш, таа го користи ФитКит како начин да навлезе подлабоко во фитнес светот и да ја подобри својата ментална и физичка благосостојба.

bojana-rusevska

Бојана работи како Corporate Services Assistant во компанијата One Inside Macedonia

Таа вели дека вежбањето ѝ помага да има поголема енергија, поголем фокус на работа, зголемено ниво на мир и среќа. 💯

Со самото тоа што вработениот се фокусира на одреден fitness journey, тој ги подобрува својата ментална и физичка благосостојба, односно е посконцентриран, порасположен, помотивиран на работа, итн. Со колегите и колешките постојано разговараме за активности што би можеле да ги правиме заедно преку ФитКит апликацијата. Дури и оние кои не вежбаат, ги примамуваме да ни се придружат

За да дознаеш повеќе за Бојана:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Bojana Rusevska

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @bojanarusevska

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Bojana Rusevska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore