Споделување иновативни искуства за подобрување на благосостојбата на вработените, разменување на идеи, многу вмрежување и плодна почва за потенцијални соработки.
Вака си поминавме на второто издание на DisruptHR Skopje, светски познат настан што се организира во над 153 градови во 34 држави ширум светот, а ФитКит одлучи да го поддржи настанот и како дел од спонзорите.
Ова е настан што и кај нас веќе 2 години е синоним за возбудлива вечер посветена на инспирација, иновации, вмрежување, учење и предизвикување на status quo-то. ⚡
Говорите се препознатливи по својата автентичност – 14 говорници кои имаат по 5 минути за да ја презентираат својата перспектива на 20 слајдови што се ротираат на секои 15 секунди. Главното мото на настанот е: „Научете нѐ нешто, и нека биде брзо!”
По завршувањето на говорите и одличната забава што следуваше потоа, си заминавме побогати за 14 нови перспективи и многу идеи за тоа како да го обликуваме ФитКит за да им донесе уште поголема вредност на компаниите како бенефит за своите вработени.
Иако во фокусот е ставена HR индустријата, овој настан истовремено ги охрабрува и индивидуалците од различни индустрии да споделат свои перспективи, свои иницијативи што би одиграле значајна улога во градењето на големата слика на колаборативното работење.
Како бренд што ја гледа големата слика за важноста на благосостојбата на вработените врз секој аспект од бизнисот и има страст за поттикнување промени на работното место, годинава одлучивме да го поддржиме настанот и како спонзори. 💪
На тој начин ја поддржавме и мисијата на DisruptHR Skopje како платформа за иновација и соработка во сферата на човечките ресурси, споделување на иновативни техники, методи и знаења што обединуваат во различностите и охрабруваат позитивен импакт во оваа област.
Како ФитКит може да им помогне на компаниите да ја зголемат продуктивноста на своите вработени?
ФитКит е апликација што им помага на компаниите да ги мотивираат своите вработени да бидат физички активни и да го подобрат своето ментално здравје преку пристап до 700+ различни активности за вежбање и релаксација, психолози, терени за тенис и разни друштвени активности во над 200 локации низ целата држава. 🚀
Секој од вработените може сам да ги избере активностите за вежбање и релаксација што најмногу му одговараат, во време и на локација што најдобро му се вклопува во распоред.
ФитКит нуди флексибилни понуди со кредити или со претплата според Pay-Per-Use моделот. Ова значи дека на крајот на месецот, компанијата го плаќа само бројот на искористените кредити од секој вработен, без никакви паушали или дополнителни трошоци.
Дополнително, има опција и за персонализирана понуда според потребите на секој вработен. И на овој начин, кредитите важат во текот на цела година, а ги плаќате само оние коишто вработените ќе ги искористат.
А ако сакаш да дознаеш повеќе како можеш да вложиш во физичкото и ментално здравје на твојот тим, закажи си средба со тимот на ФитКит на ОВОЈ ЛИНК. ⬅️
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.