ФитКит Херој на Неделата: Никола Клинчаров

Никола Клинчаров

Ја користи секоја прилика да вежба како одличен начин за природно зголемување на лачењето на допаминот, хормонот на среќата. 🙌 Обожава да вози велосипед, да џогира на кеј, но и да вежба од комфорот на својот дом

Запознајте го Никола Клинчаров од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Неговата фитнес цел е секогаш да биде задоволен со себе и својот изглед. 

Секоја активност е добра ако ја постигнува целта – да те наполни со допамин за попродуктивен тек на денот. Задоволство наоѓам во возењето велосипед, вежбање по дома и секако некој километар џогирање на кеј. 🏃

Nikola Klincarov

Велосипедот му е омилена справа за вежбање. Од реквизити најчесто користи тегови и растегливи ластици за отпор.

За жал во моментов немам посебна рутина, само внимавам барем половина час во текот на денот да имам некоја активност со поголем интензитет, велосипед, трчање на кеј или серија вежби од програмите на FitKit Plus.

Првата активност што ја закажал преку ФитКит апликацијата е посета на фитнес клуб. 🏋️ Сака да вежба сам, освен кога му треба дополнителна мотивација

Преферирам да вежбам сам од причина што си го знам своето телото и можностите, знам како да се исфорсирам и кога ми треба одмор. Ако ме фати период на мрза, ми треба некој кој ќе удри камшик, ќе ме мотивира и инспирира. Инспирација ми се инструкторите од ФитКит апликацијата, Атанас Михајловски и Мартин Манев кои имаат одлични програми со вежби за одржување на фит изглед. 💪

Nikola Klincarov

Никола верува дека позитивното однесување секогаш носи позитивни резултати. А вежбањето не е исклучок.

Затоа неговите најдобри тренинзи секогаш изгледаат испотено, но со широка насмевка. 😊

Штом ја слушне песнава, веднаш се фрла во акција.  ⬇️

Најсмешните ситуации што му се имаат случено при вежбање се кога не знае како правилно се користи некоја справа, а не сака да праша за помош. 🤭

Нема посмешно од тоа да не знаеш со сигурност како се користи некоја од справите во фитнес центрите. Во тој случај се врткаш наоколу, демек се растегаш и чекаш некој да седне за да видиш како се прави тоа. Секако дека можеш да побараш помош од фитнес тренерот, but where is the fun in that? 😉

Никола работи како Video Editor & Motion Designer во компанијата Crazy Labs

Користењето на ФитКит апликацијата како дел од бенефитите за вработени, му помага да ги наполни батериите за следниот ден. 🔋

Задоволство е што работам за Crazy Labs, компанија што се грижи за менталното и физичкото здравје на вработените и преку соработката со ФитКит ни овозможува постигнување на тој баланс. Во природата на нашата работа е да се поминуваат многу часови во седечка позиција, што особено штетно влијае врз ‘рбетниот столб. Затоа, физичката активност е важна за одржување на телото. Одлично е да знаеш дека по напорен ден на работа, те чека тренинг со кој можеш да ги наполниш батериите за наредниот ден. 

Nikola Klincarov

За да дознаеш повеќе за Никола:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Nikola Klincarov

📸 Пиши му на Инстаграм: @niklinch

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Nikola Klincharov

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore