ФитКит Херој на Неделата: Моника Васева

monika-vaseva

Обожава да ги надминува границите на своето тело и не се плаши од каков било спорт. Благодарение на својата упорност и дисциплина, таа е и полумаратонец во подем. 🏆

Запознајте ја Моника Васева, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Мојата фитнес цел е одржување на фит тело, секогаш подготвено за различни предизвици. Најчесто сакам да си ги надминувам своите граници. Можеби тоа е и причината зошто не се плашам од каков било спорт (понекогаш и претерувам 😜). Исполнетоста после добро трчање не се споредува со ниедно чувство. 

monika-vaseva

Омилените активности на Моника се пешачење и подготовки за полумаратон, а често ќе ја најдеш и во теретана каде што го вложува својот максимум да биде сè подобра и подобра со секој изминат ден. 🏋️

Велосипедот е секогаш тука како back-up во случај да ми треба активност со која ќе се ‘издувам’ после работа или за време на сончев викенд. Неретко знам да се навратам и на мојата омилена активност од детството – тенисот, а пешачењето ми влева релаксирачко чувство после кое се полнам со енергија и сум подготвена за функционирање во денот. 

Опремата што најчесто ја користи за вежбање се патики за трчање и smart часовник за мерење на чекори и километри, а нејзината фитнес рутина е следнава: ⬇️

Правам разновидни активности за да ја одржувам кондицијата на телото. Пешачењето го практикувам 7 дена во неделата, по најмалку 1 час, сè друго е бонус. 😊 Најчесто не се обврзувам со однапред смислени активности, туку се прилагодувам на временските услови и работните обврски. 2-3 пати неделно се обидувам да го држам телото активно со појако кардио како што е трчањето или возењето велосипед. 🚴

monika-vaseva

Најголем мотиватор за да вежба е состојбата на своето тело, бидејќи кога не се чувствува добро во него, тоа значи дека треба да преземе нешто (исхрана или спорт).

Ако треба да избира помеѓу вежбање од дома или вежбање во фитнес студио, нејзиниот избор е следниов:

Преферирам вежбање во фитнес студио поради добра мотивација од групата со која вежбам, но почесто знам да извежбам и од дома бидејќи сакам сама да си ги креирам тренинзите и на тој начин да си ја преминувам комфорт зоната. 🙌

Првата активност што Моника ја има закажано преку ФитКит апликацијата е тренинг во фитнес клубот Palestra со идеја да испроба теретана што е прилично пространа со премногу опции за вежби и одлични справи за трчање.

monika-vaseva

Моника работи како Software QA Engineer во компанијата Quantox Technology

Таа вели дека посетата на спа центри и масажи ѝ ја враќа концентрацијата по напорен ден. 🎯

Целта е утре да бидеме подобри од денес, вклучувајќи ја и кондицијата што ја има нашето тело, но и менталното здравје што е секогаш важно – да се трудиме да работиме на нив. ФитКит е мотивација инсталирана на телефон и полн погодок како бенефиција за вработени, без разлика дали си физички активен или не. Општиот well-being на вработените е прилично важен, само треба мотивација за да се постигне тоа. 🙌

monika-vaseva

За да дознаеш повеќе за Моника:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Моника Васева

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @vaseva_monika

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Monika Vaseva

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore