Боречките вештини се една од најдобрите физички и психички активности што можеш да ги одбереш за тебе или своето дете. 🥋
Академијата за боречки вештини Бушидо Доџо повеќе од една деценија се стреми да изгради способни и посветени млади луѓе, со големо чувство на одговорност и дисциплина кон себе и другите.
Овде, твоето дете може да ги проба следниве боречки вештини:
🥋 Карате – Јапонска боречка вештина за самоодбрана и правилен развој на телото, умот и духот.
👊 Џиуџитсу – Голораката боречка вештина на самураите, практична за реална борба во секакви ситуации.
Покрај зголемена енергија, намалување на стресот и исфрлање на фрустрациите, твоето дете ќе има бројни придобивки од овие часови како:
✅Темелно запознавање со моториката на своето тело.
✅ Совладување на базични удари со нога и блокови, применливи за реална самоодбрана.
✅ Одлична кондициона и мускулна спремност.
✅ Поголема самодоверба и прифаќање на својата автентичност.
✅ Поголема одговорност кон себе и своите постапки.
✅ Челична дисциплина и истрајност во извршување на секојдневните обврски дома и во училиште.
Дополнително, практикувањето на боречки вештини ќе го научи твоето дете дека не постојат тешки и несовладливи противници, туку само вешти или помалку вешти борци.
Тие ќе им влеат самодоверба и ќе ги научат на почитување и верба во сопствените вештини, нешто што ќе им служи до крајот на животот.
Бушидо Доџо е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩👧👧
Доколку сакаш твоето дете да биде дел од приказната на академијата Бушидо Доџо, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети ја Академијата за боречки вештини што се наоѓа на:
👣 улицата „Илија Димовски” број 6 во населбата Лисиче во општина Аеродром, Скопје.
За да бидеш во тек со сите новости на Бушидо Доџо:
📸 Следи ги на Инстаграм: @bushidodojomacedonia
👍 Пиши им на Фејсбук: Bushido Dojo Macedonia
📧 Пиши им на мејл: macedonian.samurai@gmail.com
☎️ Јави се: 070 820 276
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.