Со FitKit ги менуваме правилата на игра!

Ако во твојата глава да се биде фит значи да вежбаш секојдневно во теретана или да трчаш редовно на кеј, тогаш си на право место и подготви се да бидеш mindblown.

Од неодамна во Скопје постои мобилната апликација FitKit преку која можеш да се регистрираш и да вежбаш на најразлични места во Скопје. Од теретани, до фитнес студија, базени и кросфит сали! 
Денес на јога за да заспиеш полесно после напорен ден на работа, а веќе утре на кикбокс мавај во вреќа и замислувај дека е тоа твојот шеф. Вежбањето има и забавна страна, па повикај ги твоите пријатели да ја користат нашата апликација и заедно бирајте си термини и тренинзи. Никогаш не било полесно да се спогодиш со другар ти кој те вика да пробаш функционален тренинг, а ти упорно го викаш да одите на пливање. Со една чланарина и двајцата ќе го пробате тоа, а и многу повеќе. Ние би ти препорачале и да пробаш танц на шипка за да ја изненадиш твојата девојка :).

Се што ти треба е светото тројство: download-ирај, инсталирај и регистрирај! Android или IOs