Што е фитнес? 

Фитнесот покриваа широк спектар на физички активности кои вклучуваат тренирање на мускули, вежби за истегнување и кардио вежби. Целта на фитнесот е постигнување состојба на здраво, фит и тонирано тело.

Фитнесот помага да бидеш во форма, како физички така и психички, бидејќи резултира во општа состојба на благосостојба, зголемена самодоверба и леснотија во исполнувањето на секојдневните задачи.

Иако најчестата перцепција за тоа што е фитнес се теретаните, оваа дисциплина вклучува многу различни вежби и тренинзи кои што допринесуваат за нејзината популарност и распространетост.

Идејата зад фитнесот е збир на навики што ќе ти помогнат да изгледаш и да се чувствуваш добро, да имаш повеќе енергија за соочување со дневните предизвици и пред се, да бидеш здрав/а. Затоа, фитнесот е поврзан не само со физички вежби, туку и со урамнотежена исхрана и правилен одмор. 

Фокусот е ставен на целото тело, а крајната цел е подобро здравје и функционалност. 

Кои справи за вежбање се достапни во нашите фитнес центри?

Првиот постулат на фитнес дисциплината е правилна положба на телото и подобро психо-физичко здравје кое што можеш да го постигнеш со следниве справи достапни кај нас:

  • Тегови со различни килажи
  • Гуми со тежини
  • Ластици за вежбање
  • Медицински топк
  • Кетлбел
  • Степер за фитнес
  • Рачки за склекови
  • Траки за трчање
  • Федери со килажа
  • Орбитрек
  • Статични велосипеди
  • Бенч клупи
  • Простирки за вежбање
  • Комбинирани справи за цело тело
  • Клешти за раце
  • Справи за стомачни
  • Вратила
  • Пилатес топки
  • Јажиња за скокање

Физичкиот фитнес не се поврзува само со справи за вежбање. Фитнес аксесоари како ластици за вежбање, еластични ленти или федери може да направат огромна разлика во ефективноста на вежбите. 

Кои се придобивките од фитнесот?

Фитнес вежбите може да ги практикуваат почетници и напредни вежбачи, бидејќи тие имаат позитивни ефекти на која било возраст. 

Еве дел од нив:

  • Подобрување на кондицијата;
  • Обликување на телото и губење на вишок килограми и масно ткиво;
  • Развивање на сила, брзина, и рамнотежа;
  • Подобрување на мобилноста и флексибилноста на мускулите и зглобовите;
  • Подобра функција на имунолошкиот систем, кардиоваскуларниот систем, метаболичките процеси, респираторниот систем и централниот нервен систем;
  • Намалување на холестеролот;
  • Зголемување на самодовербата и оптимистички став кон животот.

Каква облека за фитнес ми е потребна?

Без разлика дали сакаш да изведуваш фитнес тренинзи дома или во теретана, еве каква опремата е потребна за правилно извршување на ваквите физички активности:

  • Лесна облека
  • Патики со лесен ѓон кои што го намалуваат ризикот од повреда

Како дел од FitKit претплатите (S, M, L или XL) добиваш пакети со пристап до активности и услуги, како и гратис облека за вежбањe или реквизити.

Кои фитнес активности се достапни со FitKit?

Можеш да бираш помеѓу 50 различни фитнес вежби со различни локални инструктори и локации:

  • Фитнес во теретана
  • Тренинзи со персонален тренер
  • Полуперсонални тренинзи

Кои фитнес програми се достапни со FitKit Plus?

Време е да го откриеш твојот фитнес стил со FitKit!