Марио од Скопје: За да остане човек мотивиран, треба првично да биде најдобар другар со самиот себе!

ФитКит инспирација: Марио Стефановски од Скопје

ФитКит инспирација: Марио Стефановски од Скопје

Пандемијата го натера да размисли на повеќе работи меѓу кои неговата физичка активност и потребата да биде активен од физички и психички аспект, особено во тешки периоди.

Без разлика на околностите — тој останува посветен на својата фитнес цел — да ја зголеми својата мускулна маса, да го обликува телото и да остане физички активен. 💪

Запознај го Марио Стефановски од Скопје, нашата ФитКит инспирација на неделата. 👋

Најголема мотивација ми е внатрешниот feedback што го добивам од тренинзите кој што ме исполнува секојдневно. А во денови кога не сум баш најмотивиран а знам дека дисциплината е битен дел, разговарам со внатрешниот јас и на тој начин повторно се мотивирам.

Неговата топ форма ја одржува во бодибилдинг и фитнес клуб Атанасовски, вежба по дома или на скопскиот кеј.

Мојата фитнес рутина се состои од фитнес тренинг и кондиционен тренинг односно трчање. Со оглед на времето со кое располагам (својата) програма по која што се водам е избалансирана. Понеделник, среда и петок ми се фитнес тренинзите, додека вторник, четврток и сабота ми се кондиционите тренинзи. Фитнес тренинзите ми траат околу еден час додека кондиционите 30–45 минути. Времето на тренингот го планирам во зависност од обврските во денот. Недела ја уживам!😎

Омилена вежба му е Diamond pushups. Преферира да вежба сам бидејќи на тој начин има поголем фокус на себе и на квалитетот на тренингот.

ФитКит инспирација: Марио Стефановски од Скопје

За Марио, пандемијата е голема промена и тест за издржливост од повеќе аспекти.

Многу е битно како гледаш на работите, па во зависност од тоа и реагираш. Секогаш гледам да ја извлечам позитивната страна од било која ситуација па дури и да е најнегативна. Водејќи се по тоа, ги користев можностите да бидам што по продуктивен овој период и секако работев на себеси. Можам да кажам дека карантинот каков и да беше, за мене помина океј затоа што гледав да го искористам во своја полза. 😊

Марио ја откривата тајната да се остане фит во време на карантин:

Факт е дека тешките моменти го прават човекот посилен и мислам дека е секако потребна мотивација која на крајот од денот сами треба да ја креираме. За да остане човек мотивиран во било кој момент треба првично да биде најдобар другар со самиот себе!

На оние кои што се уште се двоумат дали да почнат да вежбат, Марио им препорачува:

Првично да си ја победат комфорт зоната затоа што надвор од комфорт зоната се случува магичниот момент и нека направат еден мал експеримент, нека практикуваат било какви спортски физички активности секој ден по 45 минути, една недела. Потоа ќе разговараме. 😃

Моментално не користи додатни суплементи во исхраната, но размислува за да почне да консумира Whey протеин.

Исхраната е дефинитивно најважна! Нашата енергија и целиот процес се базира на храната која консумираме. Многу е битно комбото, протеин шејк + тренинг или четвртина со месо + тренинг? 😂

ФитКит инспирација: Марио Стефановски од Скопје

Во слободно време слуша музика и работи како DJ🥳🤙.

Ако те интересира кул секојдневието на Марио, заследи го на Инста @djsmokym.

Се базираме на навики, мислам дека тоа е главната причина за сите оние кои вежбаат и оние кои не вежбаат. Многумина што немаат активен живот мислат дека не можат и дека тоа е губење на време, но тоа е сосема спротивно. Секако дека секој почеток е тежок, но интересно е како работите брзо се променуваат. Мислам дека праксата и позитивното мислење за почеток ќе им го покаже патот. Вистинското “сега” e совршеното време за почеток на промена на навиките. Се одвикнуваш од едно се навикнуваш на друго, simple.

P.S. Навалете женски, he is free and happy! 😜


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.