Gladiator Gym: Пионери во фитнес индустријата кои велат дека пандемијата нема да ги извади од…

Gladiator Gym Скопје

Бодибилдинг и фитнес клубот Gladiator Gym неодамна ги отвори вратите за нетрпеливите вежбачи кои што едвај чекаа да се вратат во сала и да продолжат онаму каде што застанале. 🙌

Освен лиценцирани тренери со врвно искуство и најсовремени справи за вежбање, еве кои дисциплини ти ги нуди студиото:

  • Фунционален тренинг
  • Фитнес
  • Кардио

По 14-годишното постоење, корона вирусот е еден од најголемите предизвици со кои што се соочиле како студио.

Сепак тоа не го обесхрабри тимот на Gladiator Gym, туку уште повеќе го зајакна тимскиот дух и посветеноста кон вежбачите. 💪

Вашето тело е единственото место каде што морате да живеете, затоа внимавајте на себе и не се откажувајте!, вели Боби Овнарски, фитнес тренер во студиото.

За да ги мотивираат вежбачите и да им помогнат да се вратат во форма и после карантинот, од клубот постојано организираат наградни игри во кои ги наградуваат лојалните вежбачи со фитнес облека и козметички продукти, а често ги изненадуваат и со одлични попусти на членарината. 😍

📢 Најактуелно во студиото е познатата Detox diet — прецизна медицинска диета која што го помага забрзувањето на метаболизмот и балансирање на хормоните.

Gladiator Gym Скопје

Доколку сакаш да бидеш дел од успешната приказна на Gladiator Gym, да учествуваш во нивните активности или да ја пробаш фамозната Detox диета, посети го студиото што се наоѓа на улицата “Христо Татарчев” број 43 во општината Кисела Вода во Скопје.

За да бидеш во тек со новостите на студиото, заследи ги на Инста (@gladiatorgym) и лајкни им ја Фејсбук страната Bodybuilding & Fitness club Gladiator Gym.

Време е за враќање во форма! ✅

Се гледаме во сала! 🏃


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.