Фитнес совети за секое ниво

Загревање пред вежбање

Важно е да го подготвите телото за вежбање. Загревајте се најмалку 10 минути со кардио вежби. На пример, може да џогирате во место 5 минути и потоа да правите џампинг џекс или да скокате јаже. Или, почнете со пешачење, па продолжете со џогирање со бавно темпо на трака.

Комбинација за раце и раменици со тегови

Исправете се и поставете ги стапалата во ширина на рамениците, а теговите држете ги од страните. Кревајте ги теговите за да ги вежбате мускулите на бицепсот, а потоа свртете ги зглобовите на рацете така што дланките да ви се свртени една кон друга. Кревајте ги теговите над главата до висина на рамениците за ефикасно вежбање на мускулите на рамениците.

Чучнувања (squat) со истегнување на рацете

Овие чучнувања ги активираат нозете, мускулите на задникот, внатрешниот дел на бедрата и трапезоидните мускули. Застанете и поставете ги стапалата пошироко од ширината на рамениците, а прстите на нозете нанадвор. Држете ги теговите со дланките свртени кон телото. Бавно спуштајте го телото во позиција на чучнување како да се лизгате по ѕид, до прав грб. Додека се исправате, кревајте ги теговите кон градниот кош со лактите нагоре и повторувајте.

Прочитај ја целат статија на следниот линк.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.