Љупка од Дармакаја: Со јога ќе го задржиме внатрешното задоволство и радост без разлика колку…

ФитКит провајдер за време на Ковид: Центар за јога Дармакаја

Тивка и пријатна атмосфера. Врвна јога програма од лиценцирани јога инструктори. Несебично споделување на простор и знаење за луѓето да си креираат поквалитетен живот во кој се чувствуваат среќни. 😇

Ова е само дел од она што ќе го искусиш на часовите во центарот за јога „Дармакаја”, кое веќе 6 години им овозможува на своите членови незаборавно духовно и телесно искуство.

Под мотото „Вежбај јога и диши слободно”, центарот нуди комплетна јога програма во сала и онлајн, насочена да одговори на предизвиците на оваа време. 💪

Со внимателно одбрани јогиски техники ќе си го подобриме здравјето, ќе го зајакнеме имунитетот, ќе ја прочистиме крвта и ќе внесеме доволно кислород во себе преку соодветни техники за дишење, ќе го смириме и прочистиме и умот за да останеме фокусирани, да го задржиме внатрешното задоволство и радост без разлика колку тешко се чини тоа, објаснува Љупка Милева, наставник по јога во Дармакаја.

ФитКит провајдер за време на Ковид: Центар за јога Дармакаја

Затоа, покрај онлајн вежбање, часовите во сала се спроведуваат под строго контролирани протоколи: 👇

Членовите се дезинфицираат на влез, се движат со маски во приемниот дел и соблекувалната, ги дезинфицираат рацете, влегуваат во сала, седнуваат на означено место на своја простирка и повеќе не се движат во просторот, вежбаат без маска. Помеѓу групите има пауза, а внатре во група помалку од пола број членови од капацитетот. Бројот на групи е намален, а се зголеми паузата меѓу термини.

Центарот за јога бргу се исправи на нозе по затврањето на салата за време на карантинот, но најголемите предизвици се уште остануваат: 😷

  • Како да се мотивираат членовите да вежбаат дома и како да им се врати волјата да работат на себе.
  • Како да се организира програмата за да им го задржи вниманието за вежбање.
  • Како да се одбере теорија и практика за полесно справување со ситуацијата и физички и ментално.
  • Како да им се врати позитивноста на членовите, да се почувствуваат убаво, среќно и спокојно, знаејќи дека од непроценлива важност е нашата ментална состојба за физичкото здравје.

Дел од членовите се откажаа од вежбање, а дел продолжија онлајн. Некои на почетокот не ја прифаќаа ситуацијата, се плашеа како ќе се снајдат со вежбање дома, дали ќе се организираат и ќе имаат концентрација, но со добра волја и мотивација за кратко време стекнаа една позитивна рутина, а поголем дел од нив се’ уште ја одржуваат. За нас најважна е абјасата (континуирана практика за подолг временски период) за да може да делува јогата. Затоа, ќе се адаптираме во зависност од околностите, ако имаме услови ќе вежбаме во сала, но секако ќе продолжиме со онлајн часовите. 🙌

ФитКит провајдер за време на Ковид: Центар за јога Дармакаја

Ако и ти сакаш да бидеш дел од тимот на Дармакаја, посети го нивното студио на улицата „Шарски Одреди” број 7 во Капиштец, во Скопје. 🚶🏻

За повеќе детали околу центарот и како можеш да се приклучиш:

Без разлика на околностите, останете доследни во вашата јогиска практика. Така на вистински начин ќе се погрижите за себе. Зашто, се’ поминува, а вие не си дозволувајте да се изгубите себе додека чекате да помине.

Namaste! 🙏


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.