Kangoo Club Skopje — JUMP UP: Have fun getting fit!

Кога метежот и вревата на секојдневието се премногу заморни, фитнес клубовите се овде за да бидат твојот издувен вентил и да те наполнат со позитивна енергија. Токму тоа што го прави Kangoo Club Skopje — JUMP UP, модерна локација за сите оние што сакаат да пробат нова и динамична дисциплина на вежбање.

Она што ги прави уникатни е Kangoo Jumps Power програмата. Станува збор за експлозивна и високомотивирачкa програма, специјално креирана за да ти го предизвика целото тело во градење мускулна сила и пред се кардио-респираторна издржливост.

Со Kangoo Jumps Power програмата вежбаш со помош на отскокнувачки чевли, кои ти го држат твоето тело исправено и во баланс, а паралелно ти ја зголемуваат висината на скокот и те заштитуваат од повреди. При тренингот ќе согориш стотици калории, а секое движење со чевлите ќе ти го балансира целото тело.

Тренинзите ги води Тамара Јовановска, лиценциран инструктор по Kangoo Jumps Power и Kangoo Jumps Boot Camp. Како основач на Kangoo Club Skopje, вели дека веќе 3 години оваа студио им овозможува на вежбачте алтернативен начин на вежбање што ќе биде ем ефективен, ем забавен.

-Се гордееме со одличните резултати на нашите вежбачи. Затоа, постојано вложуваме во позитивната атмосфера за време на тренинзите и ќе продолжиме со исто темпо.

Доколку те предизвикавме да пробаш нешто иновативно и да бидеш дел од нов фитнес тренд, можеш да го посетиш студиото на Kangoo Club Skopje што се наоѓа близу трговскиот центар ,,Лептокарија“ во Скопје (Булевар ,,Партизански Одреди“ број 62).

За да бидеш во тек со сите новости на Kangoo Club Skopje, еве како можеш да ги најдеш на социјалните мрежи:

Instagram: Kangooclubskopje

Facebook: Kangoo Club Skopje — JUMP UP

Kangoo Club Skopje — JUMP UP е уште еден член на ФитКит фамилијата.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂