Јога
Jогата e традиционален духовен и практичен систем кој се смета дека настанал во Индија во 3000 година п.н.е. Самиот термин јога значи соединување, слога, цврст спој.
Јогата се состои од асани (вежби). Асана не се гимнастички или акробатски вежби. Асана е состојба на битието во која физички и ментално можеш да останеш долго време, мирно, удобно и стабилно. Асаните се изведуваат за развививање на способноста за седење во иста положба подолг период (како за време на медитација). Многу од асаните ги добиле имињата од животни како мачка, риба, тигар.
Јогата нуди голем број на придобивки насочени кон иста цел – подобро физичко здравје и благосостојба преку единство на умот и телото.
Постојат многу видови на јога. Сите јога стилови можат да помогнат во рамнотежата на твоето тело, ум и дух, но тие го постигнуваат тоа на различни начини.